ВИДЕО: Ријека и Велковски со изненадување на вечерта во Сан Себастијан

Хрватска Ријека во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, го приреди изненадувањето на колото во Лигата на Европа и остана непоразена во Сан Себастијан кај Реал Сосиедад (2-2), со што го освои првиот бод во групната фаза.

Шпанскиот тим важеше за апсолутен фаворит, имаше повеќе од 25 шута кон голот на гостинот, арно ама не успеа да го сврти мечот во своја полза кога имаше прилика. Ријека поведе прва преку Дарко Велковски во првиот дел по еден корнер, а во 69. минута Џон донесе изедначување за тимот од Примера. Само неколку минути на семафорот стоеше 1-1, затоа што Лончар ја врати предноста за гостите, а Монреал го спаси домаќинот од пораз.

  • АЗ Алкмар - Наполи 1-1:

Елиф Елмас доби нешто повеќе од половина час во Алкмар, каде Наполи одигра реми со АЗ (1-1). Дриес Мертенс погоди во 6. минута за предност на гостите, а Мартинс Инди на стартот на вториот дел ги постави конечните 1-1. АЗ имаше шанса да дојде и до предност, ама Копмериенс промаши пенал во 59. минута. Елмас влезе на терен од клупата во 58. минута на местото на Руиз.

  • Рома - Јанг Бојс 3-1:

Во рамки на групата А, Рома со 3-1 беше подобра од Јанг Бојс и се зацврсти на првото место, додека Клуж и ЦСКА Софија одиграа без голови (0-0). Романскиот тим не го искористи киксот на швајцарскиот претставник за да скокне на втората позиција.

  • Арсенал - Рапид Виена 4-1:

Арсенал покажа моќ и  во рамки на Б групата на домашен терен ја прегази Рапид Виена (4-1), за 5/5 во Лигата на Европа. За англискиот премиерлигаш погодија Лаказет, Мари, Нкетиа и Смит-Роув. Молде ја завери втората позиција, со сигурен триумф над фенерџијата Дандалк (3-1).

Славија Прага во групата Ц беше убедлива против Хапоел Бер Шева (3-0), а до три бода дојде и Баер Леверкузен на гостувањето кај Ница (2-3), па двата тима во директен дуел во Германија во рамки на последното коло ќе играат за првото место.

  • Глазгов Ренџерс - Стандард 3-2:

Ренџерс и Бенфика во Д групата ги совладаа Стандард Лиеж (3-2), односно Лех Познањ (4-0), па и нив ги чека борба за првото место во последната рунда, ама не во директен дуел, затоа што имаат по 11 бода.

Холандски ПСВ во групата Е дојде до три бода на гости кај Гранада (0-1) со голот на Мален и поради киксот на ПАОК со Омонија и поразот на Кипар (2-1), ПСВ е екипата која оди во наредната рунда.