• Иван Димовски
Фудбалерите на Ријека го шокираа Наполи и стигнаа до предност преку Роберт Муриќ.
Иако италијанскиот тим е фаворит, домаќинот успеа да го отвори резултатот. Играчот за врска на хрватскиот тим постигна ефектен гол по одложената топка од Куленовиќ, па со одмерен удар и пласирана топка го матира Алекс Мерет во 13. минута.
- Одличниот гол на Ријека против Наполи:
Инаку, на оваа пресметка во Ријека од првата минута истрчаа македонските репрезентативци Дарко Велковски и Ељиф Елмас на спротивни страни од теренот.