Ријека без Велковски и Ристовски на мегдан кај Динамо Загреб

Велковски

Екипата на Ријека денес го игра големото дерби против Динамо Загреб на гостински терен. Лидерот е голем фаворит за бодовите, со оглед на формата и позицијата на табелата.

Во тимот на Симон Рожман денес нема да го гледаме Дарко Велковски. Македонскиот репрезентативец е повреден, а клубот не сака да избрзува и внимателно постапува со неговиот кам-бек на терените.

Со сличен проблем се соочува и вториот македонски интернационалец во хрватскиот табор, Милан Ристевски. И тој има повреда, поради која нема да добие шанса на „Максимир“.

Ријека со проблеми ќе гостува кај загрепчани, кои оваа сезона запишаа само еден пораз во домашното првенство.