Ригоберт Сонг: Ја имам истата желба и енергија како кога бев играч!

Семејството Сонг судбоносно е врзано со учествата на Камерун на Светските првенства. Ригоберт како селектор ги одведе „лавовите“ на завршниот турнир, а сега го чека дебито во групата Г против Швајцарија.  

„Учествував на четири првенства како играч, сега сум тука како селектор. Сè уште ја имам истата желба, истата енергија, истата мисија: да направам се за „жолто-сините“ да одат напред“, изјави Сонг.

Камерун последен пат победи на Светското првенство во 2002 година против Саудиска Арабија.

„Смирени сме. Имаме најдобри услови, што не беше случај во претходните години.Ќе се обидеме да не ги повториме грешките од минатото“, додаде поранешниот камерунски репрезентативец, а сега селектор. 

Првиот натпревар на шампионатот „лавовите“ го имаат утре против Швајцарија. Во првото коло од групата Г уште играат Србија и Бразил.