• Мартин Танасковски
Летонскиот претставник Рига во одлична атмосфера ќе допатува во Скопје за првиот натпревар против Вардар во второто квалификациско коло од Конференциската лига, откако забележа нова победа во домашниот шампионат.
Рига славеше со 3-1 против Тукумс, иако гостите први поведоа на натпреварот. Летонскиот тим брзо се врати во игра и со пресврт стигна до нови три бода. Стрелци за Рига беа Бадалоси, Гало и М'Ханд, кои се погрижија нивниот тим да ја продолжи победничката серија пред европскиот предизвик.
Вардар и Рига ќе ги одмерат силите на 22 јули со почеток од 20:00 часот, во првиот натпревар од двомечот во квалификациите за Конференциската лига.
Македонскиот претставник ќе се обиде да обезбеди позитивен резултат пред реваншот и да направи чекор кон следната рунда од европските натпреварувања.



