• Иван Димовски

Фудбалската репрезентација на Бразил беше елиминирана во четвртфиналето на Светското првенство, откако по изведувањето на пеналите загуби од Хрватите. Целта на „кариоките“ беше трофејот во Катар, па елиминацијата беше болна, а тоа го потврди и Ричарлисон.
„Тоа беше удар за нас, мислам дека таков пораз е потешко отколку да загубиш член на семејство. Ми беше тешко да се опоравам, така е и ден денес. Кога гледам видеа на социјалните мрежи, тоа ме растажува, но мораме понатаму. Уште сум млад, имам уште едно или две Светски првенства. Целта беше да бидеме прваци. Дадов еден преубав гол, но мислам дека тоа не беше мојата цел, дојдовме по трофеј“, кажа Ричарлисон.
Иако дојдоа како прв фаворит за тронот во Катар, дисциплината на Хрватите им застана на патот, па Бразилците порано од планираното си заминаа дома.