Ричарлисон голот против Перу ѝ го посвети на баба му, но ѝ го заборави нејзиното име! 

Фудбалската селекција на Бразил одигра доминантно финале на Копа Америка и заслужено по 13 години пауза повторно го освои јужноамериканското фудбалско натпреварување. 

Во големото финале против Перу (3-1), Евертон, Габриел Хесус и Ричарлисон беа главните актери во победата на „кариоките“, а по мечот ѕвездата на Евертон порача дека постигнатиот гол ѝ го посветил на својата баба, но подоцна се посрамоти пред светската јавност. 

„Голот ѝ го посветувам на мојата баба“, рече Ричарлисон, па беше запрашан дали ќе може да го открие нејзиното име. „Не можам да се сетам, заборавив - навистина не знам. Премногу емоции, никако не можам да се сетам. Време е за славје, а ако ми текне ќе ви кажам“, одговорил Ричарлисон. 

Без разлика што во тој момент не можеше да се сети не нејзиното име, бабата на Ричарлисон сигурно е горда на својот внук за освоеното злато на Копа Америка.