Рибери си оди од Баерн, ќе игра рамо до рамо со Чави!?

Францускиот фудбалер Франк Рибери по крајот на сезоната ќе си замине од Баерн Минхен и својата кариера ќе ја продолжи во Катар.

Рибери, кој има 36 години, се повзрува со трансфер во катарски Ал-Сад. Крилото е силна желба на шеиците, кои сакаат да го донесат во тимот, за да имаат супер-тандем во средниот ред, каде настапува уште и шпанската легенда Чави.

Ал Сад е првопласиран во катарскиот шампионат, а во битката за титулата тимот го победи лутиот ривал Духаил. За Ал Сад тоа беше 14-та титула во историјата во катарското првенство.