ВИДЕО: Рибери и Робен се одјавија со стил, Баерн моќно ја грабна 29. Бундес-титула!

Екипата на Баерн Минхен е старо-нов шампион на Германија, затоа што во последното коло „баварците“ ја остварија потребната победа над Ајнтрахт Франкфурт (5-1) и донесоа нова титула во своите витрини од германската елита.

  • Извештај за натпреварот:

Дуелот на „Алијанц Арена“ беше во знакот на Франк Рибери и Аријен Робен, кои го одиграа последниот меч за Баерн Минхен. И двајцата добија достојно испраќање, со гол и со титула в раце. Второто полувреме во Минхен беше вистинска експлозија, затоа што љубителите на фудбалот видоа дури пет гола.

>>> ФОТО: Солзи на „Алијанц“, крај на една ера – „Робери“ се збогува со Минхен!

Мечот тргна по планот на Баерн Минхен уште во 4. минута, кога резултатот го отвори Коман. Иако имаше повеќе шанси, домаќинот не успеа да постигне втор гол во првиот дел, а на стартот на вториот дел следеше мал шок, затоа што во 50. минута Халер погоди за 1-1.

Радоста на Ајнтрахт Франкфурт и на конкурентот Дортмунд траеше само три минути, затоа што Алаба во 53. минута ја врати предноста за „баварците“, а пет минути подоцна, Санчез стрелаше за 3-1. Рибери и Робен потоа влегоа од клупата за резерви и играа моќно, па и двајцата постигнаа по еден гол во мрежата на тимот од Франкфурт. Прво во 72. минута погоди Рибери, со стил, за потоа во 78. минута Робен да ги постави конечните 5-1.

За Баерн Минхен ова беше 29. титула во историјата, што е рекорд во германската елита.