Рибери го промени мислењето, Серија А е негов приоритет ова лето

Френк Рибери

Ветеранот Франк Рибери бара нов клуб. По долгогодишната соработка со Баерн Минхен, францускиот интернационалец ова лето е подготвен за нов предизвик.

Блиски извори до Локомотив Москва пишуваа дека 36-годишникот е многу блиску до договор и преселба во Русија, но сега демант стигна од Италија. Реномираниот новинар Џанлука ди Марцио тврди дека Фиорентина и проектот во Фиренца се интересни за Французинот.

Крилниот напаѓач одби понуди од Саудиска Арабија и Англија, па сега се поврзува со трансфер на „чизмата“.

Пред да помине 12 години во Германија, Рибери играше уште и за Олимпик Марсеј, Галатасарај, Брест, Мец и Булоњ.