Никој не ја спори денешната победа на Белгија против Ирска, но Ирците и тоа како се оштетени во 50. минута од мечот, при резултат од 1-0 за „црвените ѓаволи“.
Во едно повеќе од досадно прво и спектакуларно второ полувреме, фудбалерите на Белгија успеаа да ја запишат првата победа на ЕП во Франција. Двата гола на Лукаку и еден на Витсел беа доволни за Белгија за триумф од 3-0 (0-0) против селекцијата на Ирска, за уште поинтересно трето коло од Е групата.
Извесно беше дека Белгија не може цел турнир да биде бледиот тим од мечот со Италија и првото полувреме против Република Ирска. По одморот работите се сменија и по голот на Лукаку, ѕвездата на Зенит, Аксел Витсел со глава по центарштот на Муние ја заби топката во мрежата на Ирците и зголеми на 2-0.
По трпеливата игра на Ирците во првото полувреме, следуваше шок за момците на Мартин О'Нил. По брзата трансформација од одбрана во напад на фудбалерите на Белгија, конечно проработе премиерлигашкото дуо Де Брујне – Лукакu. Фудбалерот на Сити асистираше, додека задачата на Лукаку беше само рутина (1-0).
Утрово во Белгија по силна полициска рација уапсени се 12 лица со образлоожение дека планирале терористички напад на денешниот меч од Европското првенство меѓу Белгија и Република Ирска во Бордо.