Во луд натпревар со дури четири црвени картони, Брага го совлада Спортинг на Стефан Ристовски со 2-1 (1-1) и обезбеди место во финалето на португалскиот Лига Куп. Со ова „зелен-белите“ ја прекинаа серијата во ова натпреварување, кое го освоија минатата година, со победата по изведување на пенали против Порто.