Денес во Полска започна Светското првенство за фудбалери до 20 години, а титулата од пред две години во Јужна Кореја ја брани Англија. На стартот домаќинот неочекувано лесно загуби од Колумбија со 0-2. Головите за Јужноамериканците ги постигнаа Ангуло во првото и Сандовал во второто полувреме.