Фудбалската репрезентација на Франција ја оправда фаворитската улога и на гостувањето кај Молдавија успеа да слави со убедливи 1-4 (0-3), за добар старт на квалификацискиот циклус на Европското првенство (ЕП) во 2020 година. Натпреварот без грешка го водеше македонскиот судија Александар Ставрев.
Не им требаше долго на светските прваци, Французите да поведат на гостувањето во Кишињев против Молдавија. „Триколорите“ се потпреа на тандемот Погба-Гризман и ѕвездата на Атлетико Мадрид во 24. минута ја погоди мрежата на Чоселев.
Репрезентативците на светскиот првак Франција ќе гостуваат во Молдавија во првиот квалфикациски меч за Европското првенство 2020 година во рамки од групата Х.
Двете најголеми француски ѕвезди Пол Погба и Антоан Гриезман им подарија на сите француски репрезентативци шампионски прстени како сеќавање на светската титула на Мундијалот во Русија минатото лето.
Александар Ставрев, најдобриот македонски судија, ќе ја има честа да ги отвори квалификациите за претстојното Европско првенство на светскиот шампион Франција.
Селекторот на светскиот првак, репрезентацијата на Франција, Дидие Дешамп го објави списокот на фудбалери за претстојните први два натпревари од квалификациите за Европското првенство 2020 година.