Селтик ја потврди доминацијата во шкотскиот фудбал, освојувајќи уште една тројна круна. По убедливо освоената Премиер лига, екипата на Брендан Роџерс го освои Купот на Шкотска по 38. пат. Во финалето на „Хемпдон парк“ фаворитот Селтик го совлада Мадервел со 2-0 со головите на МекГрегор и Карлсон.