Македонија своите настапи во Лигата на нациите ги започна со победа против Гибралтар од 0-2 и ги запиша трите планирани бодови. По завршувањето на натпреварот Енис Барди изјави дека најважно е што нашата репрезентација успеа да слави победа.
Фудбалската репрезентација на Македонија со триумф кај Гибралтар ја отвори Лигата на нации (0-2), а по натпреварот кој имаше две различни полувремиња, Стефан Спировски истакна дека нашите фудбалери добиле еден тежок натпревар.
Ниту новиот селектор, првиот домашен натпревар и националниот празник кој што доаѓа не им помогна на фудбалерите на Гибралтар да ја сопрат серијата на успеси на македонската репрезентација. Дебитантот на селекторското место, Уругваецот Рибас на прес-конференцијата не заборави да ги пофали своите фудбалери, но и нашите репрезентативци.
Исполнети се двете цели на селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски. Ја победивме селекцијата на Гибралтар и ги заштедивме силите за натпреварот со Ерменија. Селекторот по триумфот над Гибралтар на официјалната прес-конференција рече:
Македонската фудбалска репрезентација со победа од 0-2 во Гибралтар ја започна групната фаза на Лигата на нации. Избраниците на Игор Ангеловски одиграа сериозен натпревар и ја потврдија разликата во класи меѓу нашата селекција и малата пиринејска земја.
Македонската фудбалска репрезентација успеа да го скрши отпорот и да поведе против Гибралтар во 19. минута од натпреварот, со голот на Иван Тричковски.
Со денешниот дуел меѓу Казахстан и Грузија започнува новото натпреварвуање под капата на УЕФА - Лига на Нации. Куќата на европскиот фудбал денес ја промовираше официјалната топка која ќе се користи на натпреварите.
Кога во јануари во Лозана беа извлечени групите за првото издание на Лигата на нации, беше официјализирана и официјалната химна на натпреварувањето. Таа ја напишаа Џорџо Тунфорд и Франк ван дер Хајден од Холандија, а ја изведоа холандското Радио Хор и филхармонискиот оркестар на холандскиот град Хилвеструм.
Иако јавно не го открива, селекторот Игор Ангеловски го знае тимот во главата за првото соочување во Лигата на нации против Гибралтар вечерва. Се претпоставува дека контурите на играта ќе им бидат доверени на Барди и Спировски. Двајцата играат во одлична форма и треба да ја понесат нашата селекција до полесна победа против малата земја од Пиринеите.
Првпат во историјата се соочуваме со натпреварување во кое сме фаворити, со група во која најдобро котираме, со ривали кои во целост се инфериорни од нас. За првпат ќе мораме, ќе имаме притисок, но истовремено ќе сонуваме. Започнува Лигата на нации, нашиот полесен пат до Европското првенство – нашиот нов почеток.
Македонската фудбалска репрезентација ги врши последните подготовки пред натпреварот против Гибралтар во Лигата на нациите, а јавноста во нашата земја ќе може да го следи првиот меч во натпреварувањето на „црвено-жолтите“ само на странски ТВ-канал.
Селекцијата на Гибралтар утре ќе ги започне натпреварите од четвртата група од Лига Д на Лигата на нации против Македонија во формација 5-4-1, само со Ли Касиаро во шпицот на нападот.
Некогашниот уругвајски репрезентативец, Хулио Цезар Рибас е селектор и предводник на Гибралтар и човек кому му е дадена мисијата да го освои првиот бод на официјални натпревари за малата британска колонија.
Во неделата во Реџо Калабрија, Горан Пандев го постигна својот прв гол во сезоната за Џенова, со што 15-та сезона е стрелец во Серија А, што е постигнување за целосен респект. Сега, капитенот ќе ја поведе националната репрезентација кон нов почеток, за нас толку очекуван.
Сите предвидени обврски нашите репрезентативци ги извршија пред натпреварот со Гибралтар, кој за нас ќе претставува деби во Лигата на нации. Нашите репрезентативци се одморија по клупските обврски, одржаа три тренинзи, последниот утрово во 10:15 часот, а погледнаа и дел од карактеристиките на утрешниот противник.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски полека ги решава последните дилеми за стартниот тим кој в четврток ќе се соочи со Гибралтар. Најверојатно последните недоумици се врзани со одбраната и нападот, каде што во последен момент ќе бидат разрешени двојбите за едно или две стартни места.
Македонската фудбалска репрезентација не знае за пораз од 11 јуни 2017 година, кога во Скопје загуби од Шпанија со 1-2. Ова е најдолг интервал од седум последователни натпревари со позитивни резултати, а поразите од Шпанија во Гранада и Скопје се единствени на последните 12 натпревари.
14 месеци сениорската репрезентација на Гибралтар не постигнала гол на официјален натпревар, а сите дуели во последните две години ги загубила. Последен натпревар во кој Гибралтар извлекол реми е натпреварот против Лихтенштајн на 23 март 2016 години, кога како домаќин во Португалија Лихтенштајн извлече 0-0.
Во само неколку месеци драстично се смени статусот на Ељиф Елмас во турскиот гигант Фенербахаче. Доаѓањето на Филип Коку значеше пресврт, целосна доверба и постојана минутажа, иако македонскиот репрезентативец има само 18 години.
Игра полетно, од натпревар во натпревар ја покажува својата зрелост и во Шпанија веќе сите знаат кој е Енис Барди. Македонскиот репрезентативец одлично го преброди скокот од младинската во сениорската репрезентација и сега е незаменлив во составот на Игор Ангеловски.
По многу нешта натпреварот меѓу Гибралтар и Македонија е историски за домашната селекција. За првпат натпревар од официјален карактер, селекцијата на Гибралтар ќе игра на домашен терен, на својата територија. По преселби и домаќинства главно во Португалија, Гибралтарците пред своја публика ќе се обидат да ја изненадат Македонија.
По топло време од 25 степени целзиусови, македонските репрезентативци денес тренираа во Гибралтар на „Викторија стадион“, каде што за два дена ќе ја започнат својата мисија кон место на „фајнал-фор“ турнирот на Лигата на нации.
Стефан Ристовски во одлична форма влегува во натпреварите на нашата селекција во првите две кола на новото натпреварување на УЕФА, Лига на нации. Нашата селекција во првото коло ќе се судри со аутсајдерот Гибралтар, а во пресрет на овој дуел десниот бек на Спортинг Лисабон изјави дека фаворитската улога не треба да остане на хартија, туку да се се покажа на терен.
Уругвајскиот стратег на клупата на Гибралтар, Хулио Рибас, го скрати списокот на фудбалери со кои ќе ги започне натпреварувањата за новиот проект на УЕФА, Лига на нации.
Македонската репрезентација никогаш не гостувала во помала земја од Гибралтар. Малата земја под британска капа на јужниот дел од Шпанија има само 30.000 жители, а фудбалерите, со мали исклучоци, не им се професионалци.
Осум европски натпревари и четири во ПМФЛ го прават Висар Муслиу наш дефанзивец со најголем број на минути во нозете на почетокот од сезоната. Централниот дефанзивец на Шкендија пред натпреварот со Гибралтар ни ја откри разликата меѓу играњето на природна и вештачка трева.
По седум години, или попрецизно, 10 август 2011 година, македонската фудбалска репрезентација ќе игра официјален натпревар на вештачка трева. Кога последен пат се соочивме со ваков тревник, забележавме победа во пријателски натпревар против Азербејџан со 0-1 со голот на Горан Пандев.
Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува првиот натпревар од Лигата на нациите против селекцијата на Гибралтар. Еден од фудбалерите кој овој период играат во одлична форма е Бобан Николов. Тој постигна гол вчера за Видеотон и очекува победа со националниот тим против Гибралтар.
Македонските фудбалери го одработија првиот од трите тренинзи на „Викторија стадионот“ во Гибралтар. Само два часа по пристигнувањето на малиот остров, Ангеловски диригираше едночасовен тренинг во кој беа инволвирани сите повикани фудбалери.
Експедицијта на македонската фудбалска репрезентација со чартер лет до Малага, а потоа со автобус до Гибралтар утрово ќе го започне својот пат кон првата етата во новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нации.
Десниот бек на Вардар, Кристијан Тошевски, доби повик од селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, за првите два натпревари од Лигата на нации.
Репрезентацијата на Македонија за една недела ќе ги започне натпреварите во новоформираната Лига на Нации. Прв предизвик за Игор Ангеловски и неговите фудбалери ќе биде Гибралтар, против кого нашиот национален тим ќе настапи без Аријан Адеми.
Голманот на Вардар кој брани во одлична форма, Филип Гачевски, по објавувањето на списокот на Игор Ангеловски за натпреварите на Македонија против Гибралтар и Ерменија, излезе со своја реакција.
Селекторот Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за натпреварите од Лигата на нации за Гибралтар и Ерменија, а на него се наоѓа Дарко Велковски, кој оваа година од Вардар како слободен фудбалер се пресели во Ријека.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, по објавувањето на списокот говореше и за првите два меча во Лигата на нациите, против Гибралтар и Ерменија кои ќе се играат во септемврискиот прозорец.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, го објави списокот за првите натпревари од новоформираната Лига на Нации против Гибралтар и Ерменија.
Фудбалската селекција на Македонија на почетокот на септември ќе дебитира во новиот проект на УЕФА, Лигата на нации. Избраниците на Игор Ангеловски во првото коло од ова натпреварување ќе гостуваат кај аутсајдерот Гибралтар, предводен од Хулио Рибас.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, наредната недела ќе ги соопшти фудбалерите на кои смета за стартот на новоформираната Лига на нации која тргнува во септември.
Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на нешто повеќе од еден месец пред стартот на подготовките за Лигата на нации. Селекторот Игор Ангеловски е ставен на слатки маки, поради неколку повреди на првотимците, но искрено се надева дека со дел од нив се ќе биде во ред и ќе бидат на располагање.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков мораше да замине на операција поради хернија, а прогнозите на лекарите се оптимистички и голема е веројатноста тој да биде подготвен за првиот дуел во Лигата на нации.
Лигата на нации наскоро ќе биде главната преокупација за македонската репрезенација, а веќе е извесно дека првиот натпревар против Гибралтар нема да се игра на португалско тло, каде што оваа селекција беше домаќин досега, туку на малиот остров на „Викторија стадион“.