Работнички ја оствари третата победа во Првата фудбалска лига откако ја совлада Воска Спорт со 2-0 на арената „Тодор Проески“. Тренерот Милан Илиевски е задоволен од резултатот, иако смета дека сѐ уште постои простор за значаен напредок кога е играта во прашање.
Фудбалерите на Работнички се вратија на победите во ПМФЛ, откако славеа со новајлијата Воска Спорт со 2-0 (1-0). Првата сезонска пресметка на Арената „Тодор Проески“ понуди по еден гол во двете полувремиња, а херои на домашните беа Крсте Велкоски и Гандо Биала.
Фудбалерите на Воска Спорт му гостуваат на Работнички во рамките на седмото коло на ПМФЛ. По репрезентативната пауза, се вратија возбудувањата во елитата на мак-фудбалот.
Македонскиот прволигаш, ФК Работнички, објави на социјалните мрежи дека се враќа на Националната Арена „Тодор Проески“ и ќе ја нагости екипата на Воска Спорт на најголемиот стадион во Македонија.