Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ја изнесе својата анализа за судењето на мечевите од ПМФЛ и ВМФЛ, кои беа одиграни минатиот викенд.
Тренерот на Академија Пандев, Александар Васоски покажа задоволство од исходот во изјавата веднаш по завршувањето на натпреварот од ПМФЛ против Шкупи. „Пандевци“ додадоа уште еден бод на своето конто, откако ремизираа со актуелниот шампион на Македонија (1-1).
Фудбалерите на Академија Пандев и Шкупи го поделија пленот, откако одиграа нерешени 1-1 во пресметката од 24. коло на ПМФЛ. Дуелот на СЦ „Горан Пандев“ во Струмица понуди две различни полувремиња, а клучен момент беше црвениот картон на Али Адем. „Пандевци“ го искористија тој момент и дојдоа до голем бод.
Фудбалерите на Шкупи успеаја да дојдат до предност од 0-1 на гостувањето кај Академија Пандев во ПМФЛ. Иако избраниците на Гоце Седлоски останаа со десетмина на теренот во Струмица, откако Али Адем брутално стартува врз противник, сепак тоа не влијаеше на резултатот.
Фудбалскиот натпревар на „Спортскиот центар Горан Пандев“ меѓу Академија Пандев и Шкупи тргна лошо за гостите од Скопје. „Чаирчани“ по 25 минути игра останаа со човек помалку, откако Али Адем заработи црвен картон.