Екипата на Македонија ЃП се радува на првата овогодишна победа на гостински терен, откако во рамки од 24. коло во ПМФЛ со минимални 0-1 го совлада составот на Тиквеш и направи скок на прволигашката табела. Двете екипи во натпреварот влегоа со императив за победа и ставање крај на лошата серија. Тиквеш е без триумф оваа година, додека „лавовите“ ремизираа на последните две средби што резултираше со тренерска смена. Муарем Бајрами ја напушти клупата на Куп-освојувачот, а неговото место го зазеде Горан Симов, кој токму денес го имаше своето деби.
Екипата на Македонија ЃП се радува на првата овогодишна победа на гостински терен, откако во рамки од 24. коло во ПМФЛ со минимални 0-1 го совлада составот на Тиквеш и направи скок на прволигашката табела.
Заради обврските на националните репрезентации, четири од пет натпревари од 24. коло ќе се одиграа в сабота, а не в недела. Горан Симов пак ќе застане на клупата на Македонија ЃП, откако неделава беше претгставен како наследник на Бајрами.