Јувентус не успеа да се пласира во финалето од Купот на Италија откако на реваншот загуби од Интер, а тренерот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри направил хаос по натпреварот во Милано.
Фудбалерите на Интер ќе се борат за трофејот во Копа Италија, откако го совладаа Јувентус во реванш полуфиналето со 1-0 (1-0), откако првиот дуел заврши 1-1. Пресметката на „Џузепе Меаца“ ја реши Федерико Димарко, кој уште во првиот дел стрелаше за водство, а потоа „нераѕурите“ го одбранија за славје во двомечот со лутиот ривал.
Во првенството не се во трка за титулата, не се фаворити и во Европа, па најдобра шанса на Интер и Јувентус за поголем трофеј останува Купот на Италија. Да потсетиме, „неразурите“ веќе го имаат италијанскиот Суперкуп, но тоа не е пехар кој има посебна тежина.