Екипата на Фиорентина мина според планот на гостувањето кај Кремонезе и славеше со 0-2 (0-1) во првиот полуфинален натпревар во Копа Италија. Средбата на стадионот „Џовани Цини“ беше решена со по еден гол во двете полувремиња, преку Кабрал и Гонзалез кои погодуваа за „виолетовите“.