И Јувентус и Лацио влегуваат максимално мотивирани во оваа средба. Големиот торински клуб повторно си „пукаше во нога“ (или во глава, појасно ќе биде на крајот од сезоната). Финансиската малверзација на управата која до пред неколку недели го водеше најуспешниот италијански клуб му донесе казна во вид на одземање 15 бода и драстичен пад на табелата во Серија А и тоа во моментот кога се бореше за втората позиција.