Фудбалерите на Њукасл Јунајтед се на 90 минути од битка за првиот трофеј во арапската ера, откако со 0-1 го совладаа Саутемптон во полуфиналето на Карабао купот. Средбата на „Сент Мери“ ја одлучи ден погодок, иако и „светците“ имаa свои можности, не успеаја да го загрозат ривалот. Така, Њукасл со предност ќе го дочека Саутемптон во реваншот за седум дена.