Фудбалерите на Лацио се пласираа во четвртфиналето на Копа Италија, откако на својот „Олимпико“ минимално ја совладаа Болоња со 1-0 (1-0). Средбата мина целосно во знакот на домашните, гостинот немаше ниту еден шут во рамките на голот и немаше како да избегне елиминација.