Фудбалерите на Рома се пласираа во четвртфиналето на Копа Италија, откако славеа на „Олимпико“ против Џенова со 1-0 (0-0). „Волчицата“ беше апсолутно подобар тим на теренот, имаше многу повеќе шанси, ама второлигашот добро се држеше. Човек на одлука беше Пауло Дибала кој го покажа својот талент и донесе победа.