Кремонезе е сензационален патник во четвртфиналето на Купот на Италија и тоа за сметка на неприкосновениот оваа сезона Наполи. Ељиф Елмас нема по добро да го памети првиот натпревар како капитен во дресот на Наполи, бидејќи неговиот тим испушти победа во регуларниот тек и потоа загуби по изведување на пенали (2-2, 5-4). На клупата на Кремонезе успешно дебитираше новиот тренер Давиде Балардини.