Бранителот на трофејот во Копа Италија, милански Интер беше на прагот на елиминација уште во осминафиналето, но се извлече и по продолжение го совлада второлигашот Парма со 2-1 (0-1). До последната минута Буфон и другарите имаа предност, но Интер се спаси и подоцна во продолженијата стигна до победа.