Фудбалерите на Лацио беа елиминирани во „лудата“ група во Лигата на Европа во која сите четири екипи завршија со по осум бода. Сепак, лацијалите поради полоша гол разлика од Феенорд и Мидтјуланд завршија трети и ќе играат во плеј-офот на Конференциската лига на УЕФА.
Екипата на Монако со доминантна фудбалска претстава ја совлада Црвена Звезда на домашен терен (4-1) и така го продолжи својот пат во Лигата на Европа, а српскиот шампион го остави без европска пролет.
Лацио вечерва гостува кај Феенорд, во последното коло од групната фаза во Лига Европа. Тимот на Маурицио Сари има потреба од еден бод, за да го обезбеди пласманот во следната фаза од натпреварувањето.