Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој настапува за екипата на Абердин, го искористи гостувањето на Реал Мадрид кај Селтик во Лигата на шампионите и беше присутен на мечот од првото коло.
Новата сезона за најдобриот фудбалер на последното издание на Лигата на шампионите, Карим Бензема, не започна според планот. На денот на кој Халанд и Мбапе постигнаа по два гола, а Реал Мадрид во вториот дел го „скрши“ Селтик и славеше со 0-3, Французинот се повреди.