На стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, Динамо Загреб направи огромен подвиг и го победи Челзи на „Максимир“ со 1-0. Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа дел од победничкиот состав, се бореа до последниот атом на силите и запишаа една од најголемите победи во клупската историја.
Фудбалскиот клуб Челзи реши дека е време за промени и му врачи отказ на тренерот Томас Тухел. Германецот, кој го одведе клубот до кровот на Европа, ќе замине по тешкиот пораз на гости кај Динамо Загреб на стартот на Лигата на шампионите.
Хрватскиот шампион Динамо Загреб приреди сензација уште во воведното коло од новата сезона во Лигата на шампионите. „Модрите“ пред својата публика со миминални 1-0 го совладаа составот на Челзи.
Динамо Загреб приреди подвиг на стартот на групната фаза во Лигата на шампионите, победувајќи го Челзи на „Максимир“ со 1-0. „Модрите“ одиграа перфектен натпревар, поведоа во првиот дел и потоа успеаја да го издржат гостинскиот налет.
Екипата на Челзи иако важеше за голем фаворит, запиша пораз на гостувањето кај Динамо Загреб на стартот во Лигата на шампионите. „Сините“ имаа шанси кои не ги реализираа, а домаќинот во Хрватска одигра перфектно во дефанзивата и дојде до голем триумф.
За првпат еден македонски фудбалер е најдобар поединец на натпревар од Лигата на шампионите, откако пред неколку години започна прогласувањето по секој натпревар. Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми е прогласен за најдобар играч во победата на Динамо Загреб против големиот Челзи.
Екипата на Динамо Загреб освои огромни три бода на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите, откако со минимални 1-0 славеше над лондонски Челзи.
Новата сезона во Лигата на шампионите започна со сензација во Загреб и очекувана победа на Борусија Дортмунд. Шампионот од пред две сезони, Челзи, и во европската елита не отвори како што се очекуваше и со минимални 1-0 загуби од мотивираниот хрватски првак, додека „милионерите“ без многу проблеми со 3-0 го совладаа тимот на Копенхаген.