Викендов се вратија возбудувањата во Втората македонска фудбалска лига, со натпреварите од 13. коло. По комплетирањето на оваа рунда дојде до промена на врвот и Вардар е нов лидер, откако го искористи ремито на Гостивар со Детонит Плачковица.
Екипата на Локомотива Пехчево во рамки на Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) ќе се соочи со Пелистер. Битолчани целат на едно од најдобрите места на табелата за да се вратат во елитата, а тренерот на тимот од Карпош, Баже Јанакиевски, ги сподели очекувањата.