Екипата на Воска Спорт минатиот викенд го забележа првиот овосезонски пораз во новата сезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Амбициозниот тим од Охрид го загуби дербито со Вардар и им го препушти врвот на „црвено-црните“, па затоа денес против Кожуф посакува враќање на победничките патеки.