По три пролетни победи, фудбалерите на Пелистер ремизираа на теренот на Гостивар (1-1), што е еден мал чекор назад за двете екипи. Воска Спорт и Вардар забележаа очекувани гостински победи и со тоа победгнаа на врвот. Сега двата лидери имаат два бода повеќе од Гостивар и шест од Пелистер.
Благоја Љамчевски како да е претплатен за евроголови оваа сезоната. Искусниот играч на Пелистер попладнево повторно постигна гол кој сигурно уште долго време ќе се прераскажува.
Фудбалерите на Пелистер ги очекува големо дерби во Втората македонска фудбалска лига, в среда во Гостивар. Екипата која беше лидер на табелата пред да ѝ се одземат три бода има високи амбиции, меѓутоа слични аспирации имаат и пелистерци, особено по зимата и промените во клупската структура.