Најтрофејниот македонски фудбалски колектив, Вардар, одново „заглави“ во големи проблеми, пред сè финансиски. Незадоволството кај фудбалерите е големо, дел од нив најавија заминувања доколку не се подобри ситуацијата, додека други најавија дека ќе останат верни и дека до крај ќе се борат за „црно-црвениот“ дрес.
Тренерот на ФК Вардар, Бобан Грнчаров беше расположен пред утрешниот меч од ВМФЛ против Детонит Плачковица. Најтрофејниот македонски клуб оствари тешка победа во минатото коло против Охрид на гостински терен, па се надеваат дека и утре ќе продолжат во победнички ритам.