Еден од фаворитите за промоција во Првата лига, скопски Вардар скапо ја плати победата во Охрид вчера попладне. Клучниот човек во системот на Бобан Грнчаров се повреди и го чека подолга пауза.
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар дојде до тешка победа кај Охрид (0-1) во рамки на колото во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) и останува при врвот во второрангираното натпреварување.