Долго очекуваната одлука за „случајот Христовски“ денес ја доби својата разрешница. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со официјално соопштение обелодени дека натпреварот Гостивар - Локомотива Пехчево ќе биде регистиран со 1-0 за домашната екипа, а фудбалерот и клубот ќе бидат предадени на дисциплинска постапка, по која може да бидат дополнително казнети.