Стартуваа возбудувањата во Втората македонска фудбалска лига. Со осумте средби се крена завесата на пролетта во второлигашката конкуренција. Вардарци одиграа реми, па на тоа профитираа ривалите, Гостивар, Воска Спорт и Пелистер кои победија во своите средби.
Во присуство на новата управа, фудбалерите на Пелистер го одработија последниот тренинг пред стартот на пролетниот дел од шампионатот во Втората македонска фудбалска лига.
Екипата на Пелистер ги заврши подготовките под палката на Бобан Бабунски и подготвена влегува во пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Желбите се прволигашки ранг, а тоа го потврдува и капитенот Христијан Драгарски.
По тримесечна пауза, овој викенд продолжуваат фудбалските шампионати на Македонија, а своето деби во новиот клуб го очекува Бобан Бабунски. Поранешниот селектор ќе дебитира на клупата на Пелистер во домашниот дуел против Кожув.