Екипата на Сасуоло доживеа бламажа и беше исфрлена од Копа Италија по гостинскиот пораз кај Модена (3-2). Иако „неровердите“ тргнаа во силен состав, не успеаја да го скокнат мотивираниот новопечен второлигаш.
Екипата на Модена приреди ново изненадување во Копа Италија, откако на својот „Алберто Браља“ го шокира Сасуоло со триумф од 3-2 (2-1). Новопечениот второлигаш и лански шампион во Серија Ц успеа да се пласира во втората рунда на најмасовното италијанско натпреварување, елиминирајќи го фаворитот од Серија А.