Екипата на Шкупи не дозволи нов кикс против Победа и среде Прилеп се избори за убедлив триумф од 0-6 (0-3), во рамките од 16. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Со овие три бода, тимот од „Чаир“ продолжи да го следи чекорот на лидерот Стурга Трим Љум и се врати на негатива од пет бода, откако во саботата стружани со минимални 1-2 славеа над Силекс. Победа пак останува закована на претпоследната позиција на табелата со само 11 бода, шест помалку од Македонија ЃП, која е прва над црвената зона.
Екипата на Шкупи има сигурно водство од 0-3 на полувреме од средбата со Победа. Во Прилеп, шампионот одигра доминантно прво полувреме и е пред нови лесни бодови во ПМФЛ.
Според изгледот на табелата и играчкиот кадар Шкупи е изразит фаворит пред натпреварот против Победа. Но, шампионот не смета дека лесно ќе помине под Марковите Кули. Респектот кон прилепскиот тим се гледа и во тоа што екипата од Чаир ден пред натпреварот доаѓа во Прилеп за адаптација.