Последното коло пред првата репрезентативна пауза оваа сезона, не донесе контроверзни ситуации на фудбалските терени во Македонија. Судиска комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги разгледа спорните моменти од осмото коло на Првата македонска фудбалска лига и констатираше само една погрешна проценка на арбитрите.
Во еден од поубавите натпревари од осмото коло на ПМФЛ, Работнички реагираше по тренерската смена и ја совлада Победа со 1-0 (1-0). Гостите се претставија во одлично светло и заслужија непоразени да се вратат од главниот град.