Фудбалерите на Работнички по два натпревари се вратија на победите во ПМФЛ, откако славеа во малото скопско дерби против екипата на Македонија Ѓорче Петров со 2-0 (2-0). Пресметката на стадионот „Борис Трајковски“ понуди два брзи гола во мрежата на „лавовите“, кои потоа „романтичарите“ успеаја да ги одбранат за конечен триумф.
Фудбалерите на Работнички експресно дојдоа до двојна предност во пресметката против Македонија Ѓорче Петров (2-0). „Малото скопско дерби“ тргна со активна игра уште од стартот, а „романтичарите“ со погодоци во 26. и 28. минута дојдоа до одлична предност.