Екипата на Шкендија ја продолжи лошата низа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Тетовчани четири натпревари по ред се без успех во елитата, а последен тим против кој не успеаја да победат е Тиквеш (0-0) во рамки на 16. коло во македонскиот шампионат.
По пауза од две недели продолжуваат возбудувањата во Првата фудбалска лига. Денешниот ден носи четири меча, а вчера Струга Трим Љум со победа кај Силекс го отвори 16. коло од тековната сезона.