Фудбалерите на Рајо Ваљекано направија невидена глупост од пенал во обид да ги имитираат Лионел Меси и Луис Суарез кои во редовите на Барселона си поигруваа за време на ударите од белата точка.
Фудбалерите на Рајо Ваљекано ремизираа на домашен терен против тимот на Џирона во рамките на 26. коло од Примера (2-2). Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски беше на голот на домашниот тим и забележа повеќе од солиден настап, иако прими два гола.