Фудбалерите на Реал Сосиедад победија на гостувањето кај Севиља со 1-2 (1-2) во рамките на 14. коло на шпанската Примера. Гостинот во Андалузија го искористи фактот што домашните уште во првиот дел останаа со деветмина на теренот, па рутински ги освои трите бода.
Кошмарниот прв дел од сезоната за навивачите на Севиља конечно заврши. Нивните миленици ќе играат оваа среда против Сосиедад, првиот од двата преостанати натпревари (другиот во Купот на Кралот против Веларде) до почетокот на Светското првенство, секако последен на Рамон Санчез Пихуан оваа календарска година.