Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го искористи големото промашување на Лука Модриќ против Кадиз и пред новинарите се пошегува на сметна на искусниот хрватски ас.
Реал Мадрид се врати на победите и со рутинска игра го совлада Кадиз (2-1) во 14. коло од Примера. Сепак, и покрај овие три бода шампионот ќе ја заврши годината на второто место, со два бода доцнење зад лидерот Барселона.