Челниците на Примера прибираат информации со кои ќе докажуваат дека навивачите на Атлетико Мадрид испратиле расистички извици и смртни закани кон ѕвездата на Реал Мадрид, Винициус јуниор.
Фудбалерите на Реал Мадрид продолжуваат со фантастичните настапи во домашниот шампионат и на рутински начин го совладаа Атлетко Мадрид во последниот натпревар од шестото коло во Примера (1-2).
Бразилскиот ас Родриго Силва одново е на вистинско место на едно големо дерби на Реал Мадрид. На „Ванда Метрополитано“ „кралевите“ имаат водство од 0-1, а молк на трибините донесе токму младиот напаѓач.
Ако денот по утрото се познава, оваа сезона конкурент на Реал за титулата во Примера ќе биде само Барселона. Третиот ривал, Атлетико, кој во последните 10 години успеа двапати да дојде до титулата под водство на Диего Чоло Симеоне, оваа сезона игра слабо. Додуша, 10 поени од пет меча не е лош учинок, но ако сакате да ја нападнете круната во Шпанија, тогаш треба да победувате во серија. Тимот на Карло Анчелоти е во серија од пет победи оваа сезона во шампионатот пред дуелот на „Метрополитано“ в недела (21.00 часот) во шестото коло од шпанскиот шампионат.
Вечерва фокусот на фудбалскиот свет ќе биде насочен кон Мадрид, каде Атлетико ќе биде домаќин на Реал, во првото големо дерби од новата сезона во Примера.