Елитниот шпански медиум „Марка“ го препозна одличниот настап на Столе Димитриевски против Валенсија и го смести во идеалниот тим на колото од петтата рунда на Примера.
Екипата на Рајо Ваљекано им се врати на победите во Примера. По двата врзани порази малиот клуб од Мадрид ја впиша втората овосезонска победа, откако на свој терен со сигурни 2-1 славеше над Валенсија на Џенаро Гатузо.