Фудбалерите на Монца направија подвиг и го победија Јувентус со 0-2 во средбата од 20. коло на Серија А. Ова е вторпат сезонава новиот прволигаш да слави против „старата дама“, а играчите споделија интересен детаљ од божиќната прослава на клубот.
Кризата на Јувентус на сите полиња оваа зима продолжува. По казната и одземањето на петнаесет бодови, „старата дама“ освои само еден бод на два домашни натпревари и пропушти шанса да фати приклучок со Аталанта, миланските и римските клубови. Попладнево Јуве во Торино загуби од Монца со 0-2 (0-2), што е прворазредна сензација во Серија А.