Ривалството на Интер и Јувентус испиша нова страница по вчерашниот дуел на „Сан Сиро“. Тимот од Торино однесе победа со 0-1, со голот на Костиќ во првиот дел. На почетокот од акцијата Рабио, несакајќи играше со рака, па овој детаљ предизвика многу полемики по натпреварот.
Не постои „Дерби на Италија“ без трето полувреме и полемики. Така беше и вечерва по дуелот на „Сан Сиро“, кој заврши со победа на гостите од Торино со 0-1 (0-1). Моментот заради кој се коментира и часови по натпреварот е зачетокот на акцијата која го донесе единствениот гол, а во која Рабио и Влаховиќ ризикуваа игра со рака.
Фудбалерите на Јувентус вторпат оваа сезона во Серија А му нанесоа пораз на Интер, овојпат на „Џузепе Меаца“ со 0-1 (0-1). Дуелот од 27. коло на шампионатот на Италија го одлучи единствениот погодок на Филип Костиќ во првото полувреме, кој предизвика контроверзии. Интер беше подобар на теренот, повеќе се закануваше и кружеше околу противничката зона, ама не успеа да дојде до погодок. Одново се покажа дека овој Јувентус е зрел, па по постигнат погодок успеа да ги одбие сите противнички налети со перфектна игра во дефанзивата.
Фудбалерите на Јувентус го постигнаа првиот погодок во „Дербито на Италија“, а стрелец на истиот беше Филип Костиќ. Течеше 23. минута кога српскиот интернационалец биеше откосо и го фати неподготвен голманот Андре Онана.
Пред четири сезони се бореа за титулата до самиот крај, но годинава амбициите на Интер и Јувентус се значително различни, па претстојното Дерби на Италија во 27. коло од Серија А ќе има помала тежина.
Никола Секулов, поранешниот македонски репрезентативец, а сегашен член на „аѕурите“, ќе биде во првиот тим на Јувентус за дербито против Интер кое во рамки на Серија А ќе се игра во ова коло.