Фудбалерите на Аталанта успеаја да ја преживеат целосната офанзива на Рома и минимално да слават со 0-1 (0-1) на „Олимпико“. Избраниците на Џанпјеро Гасперини со трите бода се враќаат од Рим, а со тоа се вратија и на врвот на Серија А, каде што ќе бидат барем до вечерва. Со ова, Аталанта се врати на победите откако во минатото коло се сопна против Кремонезе.
Фудбалерите на Рома ја дочекаа Аталанта во едната од двете дерби пресметки на седмата рунда во Серија А. „Волчицата“ долго време бркаше негатива против гостинот од Бергамо, па јасно беше зошто постоеше тензија кај домаќините.
„Волчицата“ ја започна новата сезона во Серија А со многу очекувања. Жозе Мурињо, тренерот на Рома, беше прилично задоволен со активностите на трансфер пазарот. Постоеше и причина за тоа, бидејќи „џалоросите“ потпишаа звучни имиња, а Вајналдум, Дибала, Матиќ, Камара и Челик се само некои од играчите кои дојдоа да го засилат тимот.